"Бренд кој ги топли вашите домови повеќе од 25 години.."

Искуство

Благодарение на повеќе од 25-годишната експертиза во производство и големо продажба, како и континуираното инвестирање во производствена опрема, вработени и погони, можеме да гарантираме долгорочен квалитет и колекции според најновите трендови!

Мисија

Се стремиме кон изработка на модерни и современи производи, изработени од најквалитетните материјали и тим на луѓе кои не ги нарекуваме „вработени“, туку наша „фамилија“, за луѓе и компании кои не ги гледаме како „клиенти“, туку наши „партнери“.

Визија

Целиме кон континуирано оддржување на позицијата на една од водечките текстилни компании во регионот. Тоа можеме да го постигнеме само со засилување на деловните односи, јакнење на брендот и асортиманот и ефикасно управување со човечкиот потенцијал.

Клучни вредности

Интегритет

Во работата се водиме од највисоки стандарди на етичко деловно однесување, постапувајќи со чест, искреност и транспарентност.

Професионализам

Квалитетот нѝ е на прво место. Секогаш сме иновативни и инвестираме во модернизација со цел да бидеме во чекор со најновите трендови на пазарот.

Тимска работа

Посебно важна нѝ е тимската работа. Постојано ги охрабруваме нашите вработени на заеднично работење и меѓусебно разбирање со цел на остварување на заедничките цели.

Партнерство и доверба

Постојано градиме добри меѓусебни односи, тие се основата на нашата доверба во односот со сите наши партнери. Само со добри и отворени меѓучовечки односи може да ја постигнеме нашата мисија.

Брзина

Со знаење, способност и иновативност се стремиме да бидеме први не само во однос на продажбата, туку и на откривање на нови потреби на пазарот. Ефикасно го кратиме развојниот процес преку усогласено производство и дистрибуција.

Флексибилност

Со брза реакција и способност за прилагодување ги надминуваме сите пречки кои нѝ ги поставуваат различните пазари. Додека флексибилноста ни овозможува да одговориме на најразличните барања на нашите купувачи.

За нас

Постоиме на пазарот уште од 1995 година и оттогаш лојално соработуваме со многу познати македонски брендови како и компании од странскиот пазар. Континуитетот на стабилните соработки го градиме врз основа на високиот квалитет кој го нудиме и неуморното следење на потребите на потрошувачите. Со многу грижа и внимание на деталите, повеќе од 25 години создаваме квалитет, прекрасно дизајнирани производи и беспрекорни услуги за нашите клиенти.

Како компанија која е во чекор со времето активно ги следиме трендовите на пазарот и се грижиме да ги доставиме најквалитетните материјали и ткаенини. Соработуваме со најголемите и најпрестижните дизајн студија во Европа и преку тоа годишно ја обновуваме нашата колекција. Веруваме дека нашите колекции го диктираат трендот во индустријата, бидејќи се внимателно избрани и преткаени во модерни и современи производи, изработени од тим на луѓе кои не ги нарекуваме наши „вработени“, туку наша „фамилија“, за луѓе и компании кои не ги гледаме како „клиенти“, туку наши „партнери“.

Позади името „СИН-АГ-95“ стои многу посветена и напорна работа, желба за усовршување и посветен тим без кој денес, не би биле тоа што сме! Ние сме фамилијарна компанија која постојано го зголемува тимот на професионалци кои се мотивирани и посветени за чекор напред во текстилната индустрија.Производството и конфекционирањето на производите се одвива во нашите простории со најнови машини и искусен тим. Комбинацијата на технологијата и искуството стекнато низ годините го гарантираат квалитетот на производите, а напредните технологии на производство се чекор напред во нашата работа и вистинска промена во квалитетот и технологијата на веќе достапните производи.

Ткаенините од кои се произведуваат нашите производи се направени од 100% природен памук и имаат сетификат OEKO-TEX STANDARD 100, потврдувајќи ја еколошката чистота и безбедност на ткаенините. *За издавање на овој сетификат се анализираат не само производите, туку и производните процени кои бараат примена на технологии кои гарантираат отсуство на токсични материи.

Драго ни е што се запознавме - Ве покануваме на соработка!

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.