Новости

3 трикови за потопла спална соба оваа зима

Image of 3 трикови за потопла спална соба оваа зима

Во студените зимски ноќи, вашата спална соба треба да биде прибежиште каде што можете да најдете топлина и удобност под повеќе слоеви на пријатни ќебиња и прекривки. Време е да додадете повеќе слоеви, текстура и пријатен текстил во вашата спална соба. Продолжете да читате и дознајте ги нашите три зимски предлози за стилизирање на вашата спална.

Додајте текстура

Клучот за зимскиот стајлинг е во слоевите. Размислете да додадете фротирски прекривач или крзнено ќебе на вашиот кревет кое ќе ви обезбеди дополнителна топлина. За уште поголема удобност во спланата соба, додајте и мала ткаена стаза за да го направите првиот чекор надвор од креветот во студените зимски утра поудобно. 

Употребете топла шема на бои

Со додавање на перници, украси, ќебиња и стази во длабоки нијанси и тонови на боја, можете да постигнете вистинска топлина во вашата спална соба. Дури и со постудена шема на бои, додавањето на меко поларно ќебе врз креветот ќе направи просторот да се чувствува попријатен. 

Новогодишна постелнина

Можете едноставно да создадете зимска атмосфера во вашата спална соба користејќи постелнина, навлаки, перници и ќебиња со новогодишни дезени и тонови на сина или црвена и зелена боја. Вашата спална соба веднаш ќе изгледа попријатно и во зимски дух ако изберете кариран дезен и додадете навлаки за перници, поларни, плишани или крзнени ќебиња. 

Нема ништо поубаво од тоа по напорниот ден да одморите во комфорна и топла спална соба. Се надеваме дека со употреба на нашите совети ќе креирате прекрасно засолниште од ладните зимски денови и ноќи.

Останати вести

Најнови вести

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.