Нашите брендови се уникатни по нивните креативни и интригантни дизајни, широкиот спектар на бои, високото ниво на квалитет и нивната изложеност на еколошки тестирања.
Фротирските производи се потписот на нашиот бренд, но нашата голема понуда вклучува и кујнски крпи, ќебиња, чаршафи, прекривачи, јоргани, перници, стази за бања, долна облека и др.
Со комбинација на модерна технологија и долгогодишно искуство овозможуваме производство на асортиман со извонреден квалитет и долготрајност.
Започнавме со продажба на разни конци и предива во две мали продавници, сега се гордееме со два производствени погони и портфолио кое е конкуретно и зафаќа голем дел од пазарот во регионот.
Креирани од внимателно избрани еко материјали.
Висококвалитетен памучен фротир со одлични абсорбирачки својства.
Нежни ќебиња за совршенство во секој дел од домот.
Совршени, практични и безбедни.
Внесете текстура и топлина во вашата дневна соба!
100% растеглив памук направен од органски памучни влакна.
Удобност исто како дома!
Квалитетот на производите се основата на нашата долгогодишна репутација и траен успех на пазарот.
Употребуваните материјали како и сите дополнителни копчиња, ленти, па дури и етикети од кои се произведуваат нашите колекции се внимателно одбрани и го поседуваат сертификатот OEKO-TEX STANDARD 100, потврдувајќи ја нивната еколошка чистота и безбедност.
Нудиме широк асортиман на производи кои ќе ги задоволат потребите на сите потрошувачи. Категориите на производи и посебните колекции се дизајнирани да ги исполнат сите очекувања за квалитет и да ја претворат секојдневната рутина во живот полн комфор.
Нашето производство, во кое се случува целата магија се одвива со најнови машини и искусен тим на вработени кои се целосно посветени на усовршување на целиот процес. Тимот на професионалци постојано се зголемува, гарантирајќи изработка на висококвалитетни производи.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.